(ФОТО) Куче-херој спаси новороденче од сигурна смрт
Куче скитник во еден ден стана херој кој го запозна целиот свет, откако спаси напуштено новороденче во Саудиска Арабија.
На сликата која масовно се споделува на социјалните мрежи, се гледа како кучето во устата држи новороденче кое се уште на себе има папочна врвца.
Кучето го носело бебето до најблиската куќа, а потоа лаело и гребело по вратата за да привлече внимание.
Луѓето кои живееле во куќата го виделе бебето и го однеле во болница.
Новороденчето сега е живо и добро се опоравува, благодарение на неговиот спасител.
Слично

