(ФОТО) КРИСТИЈАН МУ НАПИШАЛ ПОТРЕСНО ПИСМО НА ДЕДО МРАЗ: Фатете го човекот кој ме повреди мене и мојата мајка!
Кристијан Хикеј (7) и неговата мајка Џејн (30) беа повредени минатиот месец на прагот на нивната куќа во Салфрод во Велика Британија. Пред нивната куќа им се појавиле двајца воооружани разбојници, кои очигледно имале намера да ги ограбат.
После овој инцидент, кој се случил во средината на октомври, и двајцата завршиле во болница, со повреди на нозете, а детето напишало писмо на Дедо Мраз во кое посакало само едно - напаѓачите да бидат фатени!
Малиот Кристијан овој инцидент го погодил многу па се решил да побара помош од Дедо Мраз. Му напишал писмо и истакнал дека за Нова година не сака никакви други поклони, туку само да и помогне на полицијата да ги фатат разбојниците кои ги поврдеиле него и неговата мајка Џејн.
„Детето цело возбудено му напиша писмо на Дедо Мраз, и тоа колку му значи, зборува и за тоа што не посакал ниту еден подарок, туку само разбојниците да бидат фатени. Ние ќе направиме се што е во наша моќ разбојниците да бидат уапсени“, изјавил главниот полицаец Рас Џексон.

