Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) КОЛАПС ВО АВСТРАЛИЈА, АЈКУЛИ ПЛИВААТ ПО УЛИЦИТЕ: Ураганот Деби направи хаос

(ФОТО) КОЛАПС ВО АВСТРАЛИЈА, АЈКУЛИ ПЛИВААТ ПО УЛИЦИТЕ: Ураганот Деби направи хаос

Северна Aвстралија уште се бори со последиците од ураганот Деби кој доведе до големи поплави во Квинсленд.

Некои од жителите не ги сфатиле сериозно предупредувањата на полицијата да не излегуваат во поплавни води па во нив дури и сурфале.

Меѓутоа, многумина од нив се предомислиле откако на брегот се појавила бик ајкула, една од најопасните видови позната по нападите на луѓе.

Итните служби на Твитер објавиле фотографија од ајкулата со опис: „Мислите дека е безбедно да излезете во вода? Размислете повторно!“


Австралискиот метеоролошки центар најави дека во наредните 24 часа се очекуваат големи количини дожд, па некои жители почнале да градат насипи околу своите имоти.

Претседателката на владата на Квинсленд Анастасија Паласук ги повикала граѓаните да не ги напуштаат своите домови и најави дека потребната помош е на пат.

Слично

Поврзани вести