Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Кој е пензионерот кој направи масакр во Лас Вегас-кој го нарача нападот?

(ФОТО) Кој е пензионерот кој направи масакр во Лас Вегас-кој го нарача нападот?

Напаѓачот кој отворил оган од автоматско оружје на посетителите на фестивал на кантри музика во Лас Вегас е идентификуван како Стивен Педок 64-годишен маж, а полицијата го убила во соба на 32 кат од хотелот Мандала Беј од кој со рафали однесе во смрт десетина луѓе и повреди стотици.

Во собата се пронајдени неколку различни видови оружје, а експерти нагласуваат дека од висина имал совршен поглед над ситуацијата и дека можел немилосрдно да убива луѓе кои практично немале каде да се сокријат.

За Педок малку се знае-бил постар маж, белец , кој пред година или две купил куќа во градчето Мескита во Невада, кое нема ниту 20 000 жители. Тоа градче се наоѓа на околу 140 км од Лас Вегас, има казина и голф терени, а е популарно место за живот меѓу пензионери. Тамошната полиција вели дека Педок не им бил познат.

Се смета дека е роден на 9 април во 1953 година, а пред да стигне во Мескита живеел во Рина (исто така во Невада) помеѓу 2011 и 2013 година и во Мелбурн на Флорида од 2013 до 2015 година. Од 1990 година наводно живеел на различни локации во Калифорнија и Невада.

По професија бил сметководител, а со тоа бил и лиценциран ловец и пилот, пишува Еј Би Си. Полицијата вели дека поседувал правен арсенал на оружје, а најмалку осум парчиња вооружување е пронајдено во собата од која пукал.

Неговите мотиви за напад не се познати, а полицијата тврди дека не им бил познат и дека истражуваат дали имал врска со милитантни или терористички групи. Полицијата ја истражува неговата куќа во потрага за нешто што би ја открила причината за нападот.

Исламска држава презеде вина

Исламска држава ја презеде денес одговорноста за нападот во Лас Вегас, во кој се убиени најмалку 50 луѓе, јави пред малку Ројтерс.

Оваа екстремистичка група тоа го објави преку својата новинска агенција Амак. Таа агенција тврди дека напаѓачот од Лас Вегас преминал во ислам пред неколку месеци.

Слично

Поврзани вести