(ФОТО) Кога Меланија стапна на сцена, сите замолчеа: Сите детали од свечениот бал на Трамп!
Држејќи го својот сопруг Доналд Трамп за рака, првата дама на Америка Меланија Трамп блескаше на балот по повод инаугурацијата .

Штом се појави на подиумот, прекрасната Словенка ги воодушеви сите присутни со елегантната појава-долга коса, насменао лице, преубава бела тоалета до под и високи потпетици дефинитивно беа добитна комбинација.

Дискретниот црвен детал на тоалетата го пополни изгледот на Меланија, а во текот на првиот танц со Доналд, присутните не го тргале погледот од првата дама.
Она што сите го забележаа, е блискоста која била толку очигледна додека претседателот танцувал со својата избраничка, која ја ожени пред повеќе од 19 години.
Откако Меланија и Доналд први го одиграа првиот танц, им се придружија ќерката на Трамп Иванка, која заигра со сопругот Џерард.

А потоа и заменик претседателот Мајк Пенс со сопругата Карен.

Преубавата атмосфера ги понесе и двајцата членови на почесната стража, па и тие заиграле, а претседателот и првата дама, на воодушевување на присутните, одлучиле да ги „заменат партнерите“ , па Доналд заигра со дамата на стражата, а Меланија со офицерот.

Додека ја држеше за рака преубавата прва дама, гардистот бил воодушевен, што се гледа по неговото лице , од кое ни за момент не паднала насмевката.

Малку подоцна, новиот американски претседател ја пресече тортата со меч, што е традиција кога се работи за инаугурација.

Подолу погледнете повеќе фотографии од балот:





