Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) КИНЕСКИ АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТА: Кружел околу Манила па се срушил на аеродромот

(ФОТО) КИНЕСКИ АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТА: Кружел околу Манила па се срушил на аеродромот

Aвион Боинг 737 на кинеската авиокомпанија „Ксамен Ер“ кружел околу Манила речиси саат време пред слетување, а потоа од втор обид склизнал од пистата.

Штетата е голема, бидејќи левиот мотор се одвоил од крилата на авионот. По некои извештаи, инцидентот се случил по дефект на моторот на леталото.


Сликата која се појави на социјалните мрежи прикажува како авионот стои искривен на пистата.

Нема пријавени жртви засега. „Ксамен Ер“ , е патничка авиокомпанија со база во Ксамен, во Фуџијан провинцијата.


Оперира со 164 авиони и лета кон 70 дестинации ширум светот. Дел е од Скај Тим авионската алијанса.

Слично

Поврзани вести