(ФОТО) КИНА ИСЧЕЗНА ВО СМОГ: Се затвораат фабрики, луѓето не излегуаат од дома, се откажуваат летови
Кинеските власти им наредиле на илјадници фабрики низ цела земја привремено да престанат со работа поради големото загадување на воздухот и смогот кој го има во многу градови и го загрозува здравјето на луѓето, пренесуваат денеска локалните медиуми.
Пекинг е прекриен со густа сива прекривка од смог, а во тој град концентрацијата на ПМ 2,5 што е еден од најважните показатели на загадениот воздух, преминува 598 микрограми на кубен метар, додека безбедното ниво кое го препорачува Светската здравствена организација е 25 микрограма.
Властите во Пекинг им наредиле да прекинат со работа над 2 100 фабрики кои се најголеми загадувачи и ги советуваат граѓаните да не излегуваат од своите домови, соопштува „Чајна Дејли“.
Авиопревозниците поради големиот смог откажале повеќе од 30 летови преку Пекинг и Шангај, воглавно крај провинцијата Шенси, клучен кинески дел со фабрики.
Исто така, во школите во Пекинг им е наредено на учениците не се пуштаат надвор.
Видливоста во Пекинг паднала на само неколку стотина метри, а многу згради се обвиткатни од густа магла и смог. Граѓаните се жалат на непријатен мирис во воздухот, додека многумина носат маски на лицето.
Кинеските градови се помеѓу најзагадените во светот, како последица на три децениски експлозивен економски раст кој резултирал со изградба на стотина електрани на јаглен и наглото зголемување на бројот на автомобилите на патиштата.

