Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фото: Како Русите го срамнија со земја седиштето на лидерот на ИСИС

Фото: Како Русите го срамнија со земја седиштето на лидерот на ИСИС

Руското министерство за одбрана објави фотографии направени од седиштето кое лидерот на ИСИС Абу Бакр ал-Багдади го користел за средби со команданти и високи претставници на терористичката организација. 

Станува збор за комплекс од четири станбени објекти во Рака на територија на Сирија, инаку град кој се смета за „главен“ град на Исламска држава. Како што може да се забележи од сателитските снимки седиштето на Багдади е целосно срамнето со земја по воздушните напади со авионите Сухој 34 и Сухој 35. 

Засега руското министерство за одбрана верува дека во времето на бомбардирањето ал-Багдади бил присутен во зградата, па ако е така нападот на 28 мај најверојатно не го преживеал, но за тоа се чека официјална потврди.


Слично

Поврзани вести