Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Како би изгледал ураганот Ирма над Европа

(ФОТО) Како би изгледал ураганот Ирма над Европа

Ураганот "Ирма" е бура со историски пропорции. Но, во земји како нашата на пример, кои се далеку од вакви феномени, тешко е да се замисли вистинската големина на овој природен феномен.

Оваа карта ја прикажува точната големина на ураганот ако удреше во Европа.


Мапата е направена од Макс Розер, експерт за визуелизација на податоците во Оксфорд, која ја објавил на Твитер.

Окото на бурата е на француско-германската граница и сликата јасно покажува дека ги покрива местата низ цела Западна Европа, вклучувајќи ги Велика Британија, Италија, Полска и Данска, пишува Businessesider.

Втора слика покажува дека ако бурата прелетала над Велика Британија, таа ќе го покриела целиот остров, како и Ирска и дел од континентална Европа.


Пред да пристигне во САД, ураганот Ирма помина низ Карибите Антигва и Барбуда, Сент Мартин, Девствените Острови, Порторико, Доминиканска Република, Хаити, Острови Турк и Каикос, Бахами и Куба.

Невремето сега беснее во Флорида. Брзината на нејзините ветрови се намалила, а нејзиниот статус бил намален на тропска бура.

Слично

Поврзани вести