(ФОТО) ЈАПОНИЈА: Проработе вулкан, во смрт однесе 30 планинари!
Јапонските спасувачи пронајдоа 30 мртви планинари на врвот Онтака висок 3.067 метри, каде вчера проработе вулкан.
Планинарите биле пронајдени без никакви знаци на живот - не дишат и нивното срце не работи, но Јапонија официјално не објавува смрт на некое лице додека тоа не го потврдат лекарите. Официјалниот преглед е во тек.
Во спасувачката акција веднаш по ненадејната ерупција на вулканот учествувале околу 550 војници, полицајци и пожарникари.
Вулканот Онтака е оддалечен околу 210 километри западно од Токио. Вчера тој ненадејно проработе, исфрлајќи огромно количество пепел и камења, а на падините на планината останаа заробени околу 300 туристи и планинари, меѓу кои и деца.
Густа обвивка од пепел, дебела цели 20 сантиметри, ја покри планината, принудувајќи ги затечените граѓани да бараат засолништа.
Повеќето успеаја да се вратат, а 45 ноќта ја поминаа на планината. Онтака е популарна планинарска и излетничка дестинација.
Јапонската метеоролошка агенција јавува дека вулканот и денеска останува активен.

Слично