(ФОТО) ИСТОРИСКА СРЕДБА ПУТИН – БАЈДЕН: Објавена е фотографија од библиотеката во Вила Ла Гранж каде ќе се водат „жешки разговори“
Средбата меѓу рускиот и американскиот претседател ќе се
одржи во вила од 18 век со поглед на Жевското Езеро. Порано тоа била голема семејна куќа каде се организирале граѓански приеми во швајцарскиот град повеќе
од еден век.
Портпаролот на Кремељ, Дмитриј Песков исто така потврди за Спутник дека самитот меѓу двајцата лидери ќе се одржи во оваа вила.
Иако се очекува разговорите меѓу двајцата лидери да бидат напнати, местото на средбата изгледа многу смирувачки и релаксирачки, објавијуваат светските медиуми.
Денеска е најавено дека во оваа област ќе има безбедносна зона на блокада. Безбедната зона ги опфаќа двата брега на Женевското езеро, дел од самото езеро и два блиски парка кои ги опкружуваат соседните вили од јужната страна. Веќе е поставена привремена безбедносна ограда околу парковите.
Стратешката нуклеарна стабилност и регионалните конфликти ќе бидат прашањата што ќе бидат ставени на маса. Бајден, , на почетокот на своето прво патување во странство, рече дека ќе изврши притисок врз Путин да ги почитува човековите права.
Путин минатиот петок рече дека очекува разговорите да се одвиваат во позитивна атмосфера, иако не очекува никаков чекор напред.
Swiss foreign ministry has published a photo of the Villa La Grange library office in Geneva, where Putin and Biden will negotiate.. pic.twitter.com/raedjqlvMR
— Geo_monitor (@colonelhomsi) June 16, 2021
