Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) “Исламската држава” напредува кон античкиот град Палмира

(ФОТО) “Исламската држава” напредува кон античкиот град Палмира

Борците на "Исламска држава" (ИД) напредуваат кон античкиот град Палмира во централна Сирија, соопштија денеска активисти, цитирани од американските медиуми.

SYRIA-CONFLICT-IS-ARCHAEOLOGY-PALMYRA-FILES

Според Сирискиот центар за набљудување на човековите права екстремистите заземале нафтено поле и водовод во околината на градот.

Групата соопшти дека веќе го држи под контрола островот Сакр на реката Еуфрат, северно од градот Деир аз Зур. Делови од истоимената провинција се под контрола на ИД, а останатите - на владините сили.

SYRIA-CONFLICT-IS-ARCHAEOLOGY-PALMYRA-FILES

Со седиште во Лондон Сирискиот центар за човекови права тврди дека со новите терени, заземени по денови на борби, екстремистите го расчистуваат патот кон базата на ВВС во Деир аз Зур.

Борбите меѓу владината војска и ИД источно од Палмира почнаа во четвртокот.

Убиен е лидер на ИД задолжен за нафтени прашања на групата.

SYRIA-CONFLICT-ARCHAEOLOGY-PALMYRA-FILES

Американските специјални сили убија во источна Сирија висок претставник на Исламска држава и ја заробија неговата сопруга, соопшти АФП, цитирајќи го американскиот министер за одбрана Ештон Картер.

Убиениот Ауб Сајаф директно ги потпомагал воените операции на Исламската држава, како и сообраќајот на нафта. Цитирајќи Белата куќа, Ројтерс јави дека спецоперацијата по ликвидирањето на Абу Сајаф е извршена по наредба на претседателот Барак Обама.

Слично

Поврзани вести