ФОТО: „Исламска држава” поли цел град со нафта
Цел еден град во Ирак беше преплавен со нафта од терористичката група „Исламска држава".
Џихадистите ги запалија нафтените бунари во Кајра при повлекувањето од градот. Тоа, сепак, се чини не беше доволно по што исламистите ги отворија славините на блискиот нафтовод и буквално ги покрија улиците со нафта.
При повлекувањето од териториите, терористите од „Исламска држава" применуваат тактика на запалување.
Тие ги минираат зградите, ги уништуваат посевите и животните, ги убиваат и ограбуваат цивилите. Дури и самата земја е изложена на терор. Повеќе од 4 милиони декари обработлива површина во Ирак станаа неупотребливи откако, при повлекувањето терористите иструја нафта и отрови.
Многу од нивите и пасиштата се минирани, како дел од заштитните линии на терористите.


