(ФОТО) „Исламска држава“ подготви свои учебници
Џихадистите од „Исламска држава“ пуштија комплет учебници за учениците. Обвивките на книгите беа објавени на „Твитер“ од приврзаници на групата од Ракa- град кој терористите го сметаат за главен град на својот калифат.
Екстремистите планираат да ги обучуваат децата по сопствена програма, во која влегува широк круг дисциплини - од англиски до географија, а информацијата е претставена според идеологијата на екстремистите соопшти „lifenews.ru“. Комплетот учебници е наменет за учениците од прво до деветто одделение. Содржината на наставната програма е многу специфична.
Така да осмооделенците, кои посетувале училишта кои се под контрола на екстремистите, во наставата по физика ќе добијат детални инструкции за тоа како да експлодираат бомба.
Ова не е прв случај со пуштање на екстремистичка литература за внатрешна употреба. Претходно терористите размножија зборник со инструкции за организирање на напади. Литературата од 58-страници не подучува само објаснување како да се сокриеш од тајните служби, туку и ги посочува потенцијалните цели за напад.
Од напишаното станува јасно дека најдобро е нападите да се вршат во ноќни барови, каде што има гласна музика, излезот е тешко откриен, а тоа предизвикува паника помеѓу луѓето. Во упатството се упатуваат совети кон учениците да одат без бради и да носат христијански крстови, за да не предизвикуваат сомневање.




