ФОТО:Исламист во Минхен уби еден човек и повреди неколку луѓе
Едно лице е убиено, а најмалку четворица се повредени откако рано утринава исламист извикувајќи „Алах Акбар“, со нож нападнал патници на железничка станица во близина на Минхен.
Жртвата е маж на 50 години. Нападот се случил утрово во 4.50 часот, во гратчето Графинг, а напаѓачот веднаш е уапсен.
Портпаролката на германската полиција, Михаела Гроб нагласи дека мажот е уапсен и дека властите работат на утврдување на неговиот идентитет.
Градоначалникот на Графинг, Ангелика Обејмаер за „Зидојче Цајтунг“ изјави дека осомничениот е од германска националност.
„Помислата дека луѓе кога се качуваат на С-Бан воз на прекрасно утро или ги извршуваат своите обврски и потоа да станат жртво на манијак е ужасна“ - изјави таа.
Пожарникар за весникот „Меркур“ изјави дека од грб бил нападнат возачот кој доставува весници. Мотивите за нападот не се јасни, а според непотврдени информации тој е на возраст од 27 години.



