(ФОТО) ИСИС ГРАДИ ДРЖАВА: Создава институции, здравство и образование
План за создавање владини институции, министерства за финансии, здравство и образование се дел од програмата на ИСИС за независен опстанок.
Ова го покажува внатрешниот таен прирачник на Исламската држава кој го објави Гардијан.
Документот од 24 страници содржи план за воспоставување односи со странство, целокупна пропагандна операција и централизирана контрола на нафтата, гасот и на други витални делови од економијата.
Во документот е скицирана организацијата на институциите, јавна администрација и надворешни односни. На кратко, прирачникот е доказ за државотворните стремежи на терористичката организација ИСИС.
„Ако е автентичен, прирачникот е фасцинантен и треба сите да го прочитаат - особено креаторите на политиката на Западот. Ако Западот ја гледа ИСИС како речиси стереотипна група психопатски убијци, ризикуваме драматично ја потцениме.“ - вели пензионираниот генерал Стенли Мекристал, кој ги предводеше воените единици за уништување на организацијата-претходник на ИСИС (ИСИ) во Ирак од 2006 до 2008 година.
Освен државотворниот план, во прирачникот има план за обука на деца за воени вештини. Документот го скицира и организирањето на владините институции, природните ресурци ( нафта од која терористите заработуваат и по 1,5 милиони дневно) и односи со јавноста.



