(ФОТО) ИСИЛ НАЦРТА НОВА МАПА НА СВОИТЕ ДРЖАВИ: Еве кои земји се дел од црниот калифат!
Исламската држава на Ирак и Левант (ИСИЛ) најпознатата терористичка организација на светот, објави нови мапи од својот иден калифат.
Црниот исламски калифат во кој би владеал строг шеријат ги опфаќа северна и централна Африка се до еквадорот, целиот потконтинет и дел од Кина. Во границите е цел Блиски исток и натаму, практично до границите на Казахстан и Русија.
ИСИЛ го зацртал и Крим како своја територија, како и цел Балкан, добар дел од Унгарија, Австрија и дел од Алпите. Во црно е завиена и цела Шпанија, која џихадистите ја нарекуваат „Андалус“.
Планот е прикажан на карта со јасни бришања на територии кои сунитските терористи и нивниот водач Абу Бакр ал Багдади планираат да ги освојат. Да потсетиме дека главата на ал Багдади е проценета на 10 милиони долари.
Мапите ги објави веб порталот RadoSarajevo.ba.







