Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ИРАК: И деца повикани да го бранат Багдад!

(ФОТО) ИРАК: И деца повикани да го бранат Багдад!
Главниот град на Ирак - Багдад се мобилизира за одбрана од радикалните сили на Исламската држава на Ирак и Левант, кои вчера се доближија на неколку десетици километри од овој град. На улиците на Багдад се собираат граѓани, вооружени главно со автоматски пушки, а меѓу нив има и голем број деца. Униформи и оружје се делат без некој посебен ред. Ќе ги вооружиме сите доброволци кои сакаат да се борат против џихадистите“, изјави ирачкиот премиер Нури ел Малики. Паниката особено започна да се шири по информациите дека исламистите масакрирале 44 ирачки полицајци недалеку од Багдад. Затворена е и најголемата ирачка нафтена рафинерија во Баиџа. Работниците биле евакуирани само неколку часа пред екстремистите да ја нападнат и да ја заземат рафинеријата. Ирачките шиитски и сунитски политички лидери се обидуваат да ја вратат ситуацијата под контрола, повикувајќи на единство по состанокот што го одржаа зад затворени врати. Претходникот на Малики, Ибрахим ел Џафари повика на „одбрана на државата и заштита на суверенитетот и достоинството“, но во истовреме побара прекин на насилствата и забрана за носење на оружје од оние кои не се во државна служба.
Слично

Поврзани вести