Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Индија брои жртви, најмалку 60 луѓе настрадаа во поплавите

(ФОТО) Индија брои жртви, најмалку 60 луѓе настрадаа во поплавите

Повеќе од 60 луѓе загинаа во поплавите во јужна Индија. 

Илјадници луѓе се раселени по поројните дождови што зафатија три сојузни држави.  Андра Прадеш, Карнатака и Тамил Наду се борат со поплави. 

Над 30 луѓе загинаа во несреќи поврзани со дождот во Андра Прадеш, а исто толку се водат како исчезнати. Многу села се отсечени од автопатиштата, а тимовите за управување со катастрофи доставуваа храна и вода со чамци и хеликоптери. Во  Карнатака загинаа дваесетина луѓе, а уништени се повеќе од 500.000 хектари посеви. Девет луѓе, меѓу кои четири деца загинаа при уривање на куќа во областа Велоре во Тамил Наду. Летово во западна Индија, имаше поплави и свлечишта кои однесоа жртви. Во 2019 и 2018 година исто така имаше катастрофални поплави. 

Слично

Поврзани вести