(ФОТО) Хотел „Украина“ – хорор со четири „ѕвезди“!
Пред неколку недели - еден од најубавите хотели во срцето на Киев. Денеска - средиште на крвопролевања. Хотелот „Украина“ во непосредна близина на Плоштадот на независноста од утрово е претворен во болница за третирање на ранетите демонстранти.
Сепак лекарите не успеваат да им помогнат на сите - најмалку 12 лица починале во самиот хотел, а нивните тела се уште се во лобито на хотелот каде што била направена и импровизирана мртовечница.
„Во предворјето на мојот хотел умираат луѓе! Жени плачат!“ - напишал на Твитер еден руски новинар, кој бил сместен во хотелот.
Луксузниот хотел, кој се надвиснува над епицентарот на катастрофата во Киев, и самиот станува сведок на историските моменти низ кои поминува земјата - слично како хотелот „Холидеј Ин“ во Сараево или хотелот „Палестина“ во Багдад.
Од една страна, прозорците на хотелот гледаат директно на кампот на демонстрантите, кој сега е средиште на престрелки и улични битки. Од другата страна, се гледа високо обезбедуваната канцеларија на претседателот Виктор Јанукович.
Како што одминува денот, хотелот е се подалеку од луксузното секојдневие на кое навикнале неговите вработени, кои до последен момент се обидуваа да задржат нормална работа во „Украина“.
Во хотелот „Украина“ често престојувале познати личности и високи гости. Бил изграден во 1961 година како хотел „Москва“, на местото на некогашната прва висококатница во Киев, позната како Домот Гинзбург. Во 2001 хотелот „Москва“ бил преименуван во хотел „Украина“, со цел да се оддаде почит на 10-годишнината од независноста на Украина. Во 2005 година бил избран за најдобар хотел во Украина. Еве како изгледаше хотелот „Украина“ некогаш:
Б.А.

Слично