Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Хонг Конг: Жестоки судири меѓу демонстранти и полицијата, 26 уапсени

(ФОТО) Хонг Конг: Жестоки судири меѓу демонстранти и полицијата, 26 уапсени

Продемократските актвисти денеска ги вратија деловите од основната зона на протестите во Хокг Конг, пркосејќи и на острата акција на интервентната полиција која се обидела да ги растера демонстрантите со солзавец и пендреци и 15 полицајци се повредени додека 26 активисти се уапсени.

Околу илјада демонстранти, од кои некои носиле заштитни наочари и кациги, помогнале повтрно да се постават барикади во густо населениот градски округ Монг Кок, додека други извикувале „црна полиција“ бидејќи полицијата ги нападнала демонстрантите со мали метални палки, а место собир станало жариште на „грозна улична тепачка“ помеѓу студенти вклучувајќи ги локалните гангстери со цел да оневозможат продолжување на протестот.

Демонстрантите скандирајќи „отворете го патот“ се обиделе да се пробијат низ полициските кордони, користејќи чадори како штит од солзавецот на главната раскрсница.

Резултат на полициската акција во метрополата се 26 луѓе уапсени и 15 полицајци се повредени, соопшти владата на Хонг Конг пренесува Ројтерс.

Над стотици полицајци ја организирале најголемата рација до сега, на про-демократскиот протестен камп истерувајќи ги со сила, водечките студентски активисти кои ја држеле сообраќајната раскрсница во еден од своите главни протестни жариста во последните три недели.

   
   
Слично

Поврзани вести