Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ХЕРОЈ НА МАСАКРОТ ВО МИНХЕН: Ова е Гркот (18) што го даде животот за сестра си!

(ФОТО) ХЕРОЈ НА МАСАКРОТ ВО МИНХЕН: Ова е Гркот (18) што го даде животот за сестра си!

Хусеин Даицик, осумнаесет годишник, со потекло од Грција е трагичниот херој на пукањето во шопинг центарот Олимпија.

Во крвавиот напад во петокот во Минхен кој го изведе 18-годишниот Германец со иранско потекло Али Давид Сонболи се убиени девет лица, а 27-од нив се повредени, а десетиот загинат во крвавиот поход беше самиот напаѓач кој си пресуди самиот на себе.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/ATHNICO/status/756914512247320576?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

И додека за убиецот во јавноста се појавија мноштво податоци, за тоа дека бил повлечен и злоставуван во училиште, па до неговите фасцинации за масовни пукања и Андрес Брејвик, за самите жртви се пишуваше многу малку. Како и нивниот крвник, повеќето од нив се млади лица или тинејџери.

daitsik20160723-thumb-large

Меѓу нив се тројца државјани на Косово (Армела Сегаши, Дијамант Забрџа, и Сабина Сулја), тројца државјани или лица со потекло од Турција и еден Грк. Се работи за 18-годишниот Хусеин Даицик кој го опишуваат како трагичниот херој на пукањето во шопинг центарот Олимпија.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/sinefo/status/756868747047100416?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Според пишувањата на британските медиуми кои го цитираат разговорот на еден локален новинар со радиото на БиБиСи. Хусеин го жртувал својот живот за да ја спаси сестра си. Младиот Грк е убиен со две пукања пред Мекдоналдс ресторанот, а пред тоа ја турнал сестра си како би ја спасил од лудите пукања на напаѓачот.

Кога нивниот татко слушнал дека неговиот син загинал, го погодил инфаркт, и завршил во болница. Смртта на несреќното момче ја потврдило и грчкото министерство за надворешни работи.

Хусеин родум е од Грчката покраина Тракија, а во Германија емигрирал заедно со својата сестра. Во петокот тие двајца отишле во шопинг центарот како би купиле подароци за своите роднини во Грција, бидејќи се подготвувале да го поминат одморот во својата татковина.

 
Слично

Поврзани вести