Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ХАОСОТ ВО ПАРИЗ НИЗ СЛИКИ: Гори престолнината на Франција

(ФОТО) ХАОСОТ ВО ПАРИЗ НИЗ СЛИКИ: Гори престолнината на Франција

Според најновите податоци на Управата на париската полиција, во текот на протестите во Париз од утринава се уапсени 548 луѓе, а 272 лица се задржани во полиција, додека истовремено во текот на протестот на Жолтите елеци во Брисел превентивно се уапсени околу 70 лица, јавија француски медиуми.

Француските сили на редот целосно го блокирале парискиот плоштад Конкорд, кој директно гледа на Елисејските полиња, а се наоѓа неколку стотина метри од претседателската палата.

Со тоа полицијата им оневозможила на демонстрантите од Жолтите елеци да им се придружат на оние од Елисејските полиња.

Жолтите елеци денес изразија разочарување поради толку големите обеми на сила на полицијата, кои ги сметаат за „претерани“ и жалат што им е оневозможено да „протестираат“.


ФОТО:

Epa / Yoan Valat

Reuter / Benoit Tessier

 AP / Michel Euler 

Reuter / Stephane Mahe

Слично

Поврзани вести