Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) ХАОС ВО ГЕРМАНИЈА: Вооружен азилант држи заложници во банка во Дуизбург

(ВИДЕО-ФОТО) ХАОС ВО ГЕРМАНИЈА: Вооружен азилант држи заложници во банка во Дуизбург

Вооружен азилант упаднал во банка „Шпаркасе“ во германскиот град Дуизбург и држи двајца вработени, маж и жена, како заложници, пренесоа светските медиуми.

На местото на настанот веднаш стигнале полициски патроли, но засега ништо не се знае за мотивите кои азилантот го натерале на ова ниту пак е соопштено која националност е тој. 


„Моментално ја обиколивме цела област“, рекол еден портпарол на полицијата. На лице место, според негови зборови, има тешко вооружени специјалци.

„Мораме да претпоставиме дека внатре има најмалку еден вооружен напаѓач и + уште неколку личности“, рекол тој додавајќи дека овој напад се смета за „нетипичен грабеж на банка“-се случил пред да биде отворена банката.


Полицијата не воспоставила контакт со луѓето во зградата на банката. Портпаролот наведува дека очевидци потврдиле дека напаѓачот кај себе има оружје.

Една работничка во банката која успеала да избега утринава ја известила полицијата  за овој напад кој се случил нешто пред 9 часот. Вработените слушнале гласови како доаѓаат од трезорот кога утрово стигнале на работа. Полицијата е известена околу 8.40ч за ситуацијата, а банката требало да биде отворена во 9ч.


Слично

Поврзани вести