Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ХАОС ВО ЦИРИХ: Тројца повредени при пукање во Исламски центар!

(ФОТО) ХАОС ВО ЦИРИХ: Тројца повредени при пукање во Исламски центар!

Најмалку тројца се повредени во пукање во еден Исламски центар во Цирих, јавија швајцарските медиуми и наведуваат дека осомничениот за пукањето е во бегство.

Како што пренесува АФП , полицијата потврдила дека имало пукање, а детали ќе бидат изнесени подоцна. Медиумите пренесуваат дека инцидентот се случил во молитвениот дом близу железничката станица во центарот на Цирих.


Швајцарските медиуми наведуваат дека осомничениот е во бегство, пренесува Ројтерс и наведува дека не е јасно дали мета на нападот бил Исламскиот центар и зградата во непосредна близина.

Очевидци рекле дека три полициски возила и возило на итна помош биле на местото на инцидентот нешто пред 19 часот , а дека биле присутни околу 20 полицајци.

Во Швајцарија две третини од вкупно 8,3 милиони жители се декларираат како христијани, но и муслиманската популација пораснала на пет посто по доаѓањето на имигранти од екс Југославија, коментира Ројтерс.


Во 2009 година, Швајцарците на референдум одбија изградба на ново минаре.

Слично

Поврзани вести