Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Граѓаните на Њујорк и Париз оддадоа почит на жртвите од Орландо

ФОТО: Граѓаните на Њујорк и Париз оддадоа почит на жртвите од Орландо

Граѓаните на Њујорк и Париз се собраа во своите градови за да им оддадат почит на жртвите од нападот во Орландо, каде вчера 50 луѓе загинаа, а 53 беа повредени.

Во Њујорк оставаа цвеќе пред Стонвал барот каде се собираат припадници на ЛГБТ заедницата. Бараат омразата да престане.

2

Во Париз собирот претходно не беше организиран, а граѓаните кои излегоа палеа свеќи за жртвите и носеа знамиња на ЛГБТ заедницата.

Носеа пораки на кои пишува „Гордост“ и „Имаме љубов за Орландо“.  Граѓаните во овие два града бараат да се победи хомофобијата и да се покаже солидарност.

Федералното истражно биро соопшти дека човекот кој уби 50 луѓе во геј клуб во Орландо, Флорида пред да го изврши нападот и телефонирал на полицијата при што изразил лојалност на милитантната група Исламска држава.  Убиецот е 29 годишниот Омар Матин, кој имал потекнувал од Авганистан, а бил роден во САД. Тој е убиен во престрелка со полицијата која влегла во клубот три часа откако тој го почнал убивањето. Американскиот претседател Барак Обама го осуди нападот, оценувајќи го за „акт на терор и на омраза“.

Таткото на убиецот изјави дека убиството не е од верски побуди, туку убиецот видел мажи како се бакнуваат и бил гневен.

3

4

Слично

Поврзани вести