(ФОТО) ГРАДОТ Е ХОРОР: Зеленски објави фотографии од уништениот Лиман
Уништен е украинскиот град Лиман. Ова го покажуваат фотографиите кои ги објави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Сè што е потребно за живот овде е уништено. Тоа го прават насекаде на териториите што ги окупираат. Тоа може да се запре само на еден начин: со ослободување на Украина. Ни треба живот, хуманоста, правото и вистината, што е можно поскоро“, објави Зеленски.
Русија прогласи анексија на четири украински региони, а утредента украинската војска го ослободи градот Лиман.
Жителите раскажаа што се случувало во градот и како руската војска си заминала.Рускиот претседател Владимир Путин назначи „вршители на чело“ на четири незаконски анектирани украински региони, јави руската државна новинска агенција ТАСС.
Украинците напредуваат кон Херсон, но Русите тврдат дека го запреле нивниот напредок. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари.



фото Твитер
Слично
