(ФОТО) Градоначалникот на овој италијански град плаќа 9 000 евра за доселување, ама не е единствениот
Џовани Бруно Матиет, градоначалникот на Лоцана, во округот Пиедмонт во Италија, е подготвен да им плати по 9000 евра на семејства кои сакаат да се доселат во ова идилично место на северот од Италија.
Законите кои го регулираат правото на сопственост во Италија се прилично традиционални. Освен тоа, јавното мислење не е политички наклонето кон странски државјани, што се гледа во односот кон економските мигранти кои во се поголем број доаѓаат од северот на Африка и Блискиот исток.
Единствен услов е семејствата да имаат дете и минимална годишна плата во износ од 6000 евра.

-Во почетокот на 20 век популацијата од 7000 паднала на 1500 мештани. Причината за тоа е што луѓето во потрага за работа во фабрики масовно се селат во Торино. Секоја година на училиштата во тоа подрачје им се заканува затворање поради недостиг на ученици. Не можам да дозволам тоа да се случи-рекол Матиет за CNN.
Во просек во Лоцана годишно се бележат 40 смртни случаи, а на свет доаѓаат 10 бебиња. Но, таквата слика е застапена ширум Италија која денес има 139 села со помалку од 150 жители.
Договорот на Матиет првично им бил понуден само на Италијанците и странци кои живеат во Италија, но во желбата да го спаси родните крај од изумирање договорот се проширил и на странци.
-Сакаме да привлечеме воглавно млади луѓе, професионалци кои работат на далечина, а кои сакаат да започнат живот овде. Постојат десетина затворени продавници, барови, ресторани и бутици кои само ги чекаат луѓето кои ќе ги управуваат-рекол градоначалникот.
Нагласува дека Лоцана е мал, но богат град. Сместен во близина на националниот парк Гран Парадисо кој нуди свеж воздух и бројни активности на отворено како лизгање на мраз, искачување по карпи, пливање, фудбал и тенис. Во овој крај куќите се изградени од камен и дрво, а ги красат типични шилести кровови и фрески на ѕидовите украсени со цвеќе.

-Лоцана нуди здрав начин на живот, прекрасна храна и фолкорни саеми во текот на цела година - наведува Матиет.
Лоцана не е единствен град во регионот на Пиедмонт кој е потребно повторно да оживее. Малку подалеку на север, Алберто Преиони, градоначалник на Боргомезавале, во желба да ја ревитализира популацијата која се намалила наедвај 320 жители продава напуштени колиби за само 1 евро и им плаќа на сите семејства кои сакаат да се доселат таму.
-Овој град настанал во 2016та година со спојување на две села на кои им се закануваше исчезнување. Имаме многу пари кои сакаме да ги вложиме, но ни недостасуваат млади луѓе и деца.Затоа им нудам 1000 евра на секое новороденче и уште 2000 евра на сите кои сакаат да покренат работа овде-рекол Преиони.
Боргомезавале и Лоцана се последните во низа италијански градови чии челници плаќаат за доселување. Исклучително ниски даноци, одлижн квалитет на живот, евтини услуги и наеми успешно претвориле многу места на кои им се заканувало исчезнување во засолниште за странски пензионери.
