Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Град почна да тоне, куќите пукаат, а луѓето сосе децата в раце избегаа

(ФОТО) Град почна да тоне, куќите пукаат, а луѓето сосе децата в раце избегаа

Град во Индија потона 5 см за две седмици. Во домовите има пукнатини. Индиската организација за истражување на вселената објави дека градот потонал 5,4 см во 12 дена, меѓу 27 декември и 8 јануари.

Во Јошимата на северот на земјата, дел од жителите се евакуирани.  Досега 600 луѓе од 145 семејства се згрижени во хотели и училишта, откако пукнатини се појавиле во 750 згради во градот кој има 20.000 жители.

Аншу Рават на 3 јануари додека спиела се разбудила кога слушнала гласна бучава. Како што објасни за Би-би-си, луѓето сосе децата бегале надвор и владеел вистински хаос.

Експертите велат дека на градот му се заканува потонување поради непланска градба и недостиг на соодветен систем за одводнување. 

Досега во Индија имаше повеќе случаи каде и згради се уриваа, а се смета дека лошото и непланско градење има свој идел во несреќите. 

фото Твитер


Слично

Поврзани вести