(ФОТО) ГОДИНА ДЕНА ОД МАСАКАРОТ ВО ФРАНЦИЈА: Еве како изгледа насловната страница на специјалното издание „Шарли Ебдо“
Францускиот сатиричен весник „Шарли Ебдо“ соопшти дека на првата годишнина од масакарот кои го извршија џихадистите во редакцијата на неделникот, при што беа убиени 12 луѓе, ќе објават специјално издание во еден милион примероци.
Списанието со 32 страници, кое ќе биде објавено на 6 јануари, ќе содржи цртежи на карактуристи кои беа убиени во тие напади, како и цртежи од актуелните карактуристи.
Двајца браќа исламисти влегоа во јануари минатата година во редакцијата на „Шарли Ебдо“ и убија 12 луѓе поради карикатура на пророкот Мухамед кој го имаше објавено тој провокативен неделник.
Првиот број веднаш по масакарот, објавен на 7 јануари 2014 година е продаден во рекордни 7,5 милиони примероци низ целиот свет.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/gmanews/status/682421177847955456?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Од „Шарли Ебдо“ соопштиле дека веќе добиле голем број на нарачки за новото специјално издание, не само во Франција туку и од странство, вклучувајки и 50 000 примероци кои ќе се продаваат во Германија.
Моментално списанието се продава во околу 100 000 примероци во Франција и 10 000 низ целиот свет и имаат од прилиа 183 000 претплатници.
