Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Го извадија телото на капетанот на урнатиот руски авион

(ФОТО) Го извадија телото на капетанот на урнатиот руски авион

Нуркачите го извлекоа на површина телото на Роман Волков, пилотот на авионот „ту-154“, кој вчера се урна во Црно Море при што загинаа 92 лица.

Оние кои учествувале во операцијата за извлекување на телата на жртвите и на деловите на авионот, пронашле уште едно тело, а кога го извлекле на површина, врз основа на униформата заклучиле дека се работи за Волков.

Истиот извор наведува дека претходно на површина извлечени биле уште 70 посмртни остатоци на жртвите на несреќата.

Во Москва утринава пристигна првиот авион со телата на загинатите и почна процесот на нивна идентификација.




Слично

Поврзани вести