Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ГИ ПОГОДИ ЦИКЛОНОТ „БОМБА“: Починаа 17 луѓе

(ФОТО) ГИ ПОГОДИ ЦИКЛОНОТ „БОМБА“: Починаа 17 луѓе

Циклонот „бомба“ донесе силни ветрови и обилни снежни врнежи на североистокот на САД. 

Бројот на загинати од невремето е 17, а поголемиот број од нив се бездомници. Откажани се над 3000 авионски летови. Во Њујорк паднаа 30 сантиметри снег, а во Бостон 45. Бурата во околината на Бостон е проследена со бранови кои предизвикале „ретко видена поплава“. Екстремните временски услови донесоа  снег и на Флорида, првпат по неколку децении. Гувернерите на Флорида, на Џорџија и на Вирџинија прогласија вонредна состојба и ги предупредија граѓаните да не излегуваат од домовите. Се очекува циклонот да трае и за време на викендот.

На удар се 60 милиони луѓе. На некои места вчера паднаа до 40 сантиметри снег, а забележани се и бројни сообраќајни несреќи, како и дефекти на системот за снабдување со електрична енергија.

Во справувањето со последиците од невремето се ангажирани скоро 500 членови на Националната гарда.


Слично

Поврзани вести