Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ГЕНЕРАЦИСКИ ПРОЕКТ: Оваа арапска земја формира колонија на Марс

(ФОТО) ГЕНЕРАЦИСКИ ПРОЕКТ: Оваа арапска земја формира колонија на Марс

Во партнерство со меѓународните институции, арапска земја ќе преземе иницијатива во амбициозен проект.

Обединетите Арапски Емирати претставиле план за формирање на колонија на Марс до 207 година. Амбициозниот „Проект Марс 2017“ го претставил Шеикот бин Мохамед Рашид ал Мактум на петиот Самит на светските влади.


„Слетувањето на нашиот народ на друга планета е долготраен сон на човештвото. Наша цел е ОАЕ да ги предводи меѓународните напори кои овој сон ќе го претворат во реалност“, рекол Шеикот Мохамед и додал дека ОАЕ се светски лидер во наука за вселената.


Владата на ОАЕ издала и заедничко соопштение со меѓународните институции.

„Човечките амбиции не познаваат граници и кој и да ги погледне најголемите научни достигнувања на овој век веруваат дека луѓето се способни да ги реализираат најважните човечки соништа“.


Проектот Марс 2017 ќе биде фокусиран на брз транспорт помеѓу две планети и потенцијални методи за одгледување на билни култури. Вселенската агенција на ОАЕ, која постои од јули 2014 ќе го има првиот тест во 2021 година кога планира да лансира сателит на Црвената планета.

Слично

Поврзани вести