Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Франција на нозе и во солзи, им оддава почит на жртвите во масакрот!

(ФОТО) Франција на нозе и во солзи, им оддава почит на жртвите во масакрот!

Илјадници луѓе денеска излегоа на улиците во Париз и другите француски градови оддавајќи им почит на жртвите во масакрот кој се случи во седиштето на сатиричниот весник „Шарли Ебдо“.

Најмалку 10.000лица се собрале во Лион, на истокот од Фрнација, а 5000 во Париз недалеку од местото на нападот вокој се убиени најмалку 12 лица, кажуваат проценките на полицијата, пренесува француската агенција Франс прес.

Народот спонтано се собира и во Берлин и ширум Европа.

Вооружените маскирани напаѓачи денеска упадаа во редакцијата на францускиот неделник  „Шарли Ебдо“ во Париз, познат по карикатурите на исламските лидери, и убиле најмалку 12 лица, од кои 10 новинари и двајца полицајци пред да избегаат.

Ова е најсмртоносниот терористички напад во Франција во последните 40 години.

Tan2015-1-7_18571461_0-670x446 Tan2015-1-7_185959366_0-670x446 Tan2015-1-7_191444619_0-670x446 Tan2015-1-7_185246203_4

 
Слично

Поврзани вести