Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Франција потврди: Авионот се распаднал во Мали

(ФОТО) Франција потврди: Авионот се распаднал во Мали

Франција потврди дека загинале сите патници и членови на екипажот на авионот „Ер Алжир“ кој се сруши во Мали. Меѓу загинатите најмногу има Французи, 54, додека вкупната бројка на загинати е помеѓу 116 и 118, зависно од каде доаѓаат податоците, од авионската компанија или од француските власти.

Француската војска ги објави првите фотографии од местото на падот на авионот, на кои се гледаат скршени остатоци од авионот, расфрлани по земјата речиси до непрепознатливост.

Генералот Гилберт Диендиер од канцеларијата на претседателот на Буркина Фасо рекол дека било тешко да се извлече било што од местото на несреќата, дури и телата на жртвите, бидејќи на земјата се гледале само делови од тела.

Како член на делегацијата која е испратена на местото на падот на авионот во северниот дел на Мали, виде како деловите се расфрлани на подрачјето на радиус од 500 метри, што го објаснува фактот дека авионот удрил во тло па после тоа најверојатно отскокнал.

Франција е активна во пронаоѓањето на остотоците и пратила војска и експерти на местото на несреќата, која го пронашла француското беспилотно летало.

Од канцеларијата на фрнацускиот претседател Франсоа Оланд јавуваат дека тој денеска ќе се сретне со членови на семејставата на загинатите.

 

Слично

Поврзани вести