Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ФЛОРИДА: На американскиот војник кој уби пет луѓе на аеродромот му се заканува смртна казна!

(ФОТО) ФЛОРИДА: На американскиот војник кој уби пет луѓе на аеродромот му се заканува смртна казна!

Американското федерално обвинителство покрена обвинение против ветеранот од војната во Ирак Естебан Сантјаго, кој е осомничен дека отворил оган на аеродромот Форт Лаудердејл во Флорида усмртувајќи пет, а повредувајќи осум луѓе.

Сантјаго (26) е обвинет за чин на насилство на меѓународниот аеродром со смртен исход, за што е предвидена смртна казна. Доколку биде осуден, Сантјаго најверојатно ќе добие смртна казна, пренесе Раша тудеј.


Тој би требало во понеделникот да се појави пред судот во округо Бровард, соопштија официјални лица кои не сакале  да бидат именувани. Аантјаго, кој е во притвор, им рекол на агентите дека го планирал нападот и дека купил карта во еден правец за Форт Лаудердејл, покажуваат судските документи.


Американските претставници соопштија вчера дека не го исклучуваат тероризмот како можен напад на аеродромот. Сантјаго имал амерканска воена легитимација, рече претходно портпаролот на сенаторот на Флорида Бил Нелсон.

Според зборовите на неговиот вујко имал ментални проблеми, кои почнале кога се вратил од Ирак во 2010 година. Сантјаго поминал година дена во Ирак како припадник на Националната гарда на Порторико, а потоа живеел со својот брат во Аљаска.


Бил во Националната гарда од 2007 година, а кога се вратил од Ирак во 2010 година, бил воен резервист. Тој е осомничен дека, овлечен во мајца од филсмкиот серијал „Војна на ѕвездите“ во петокот отворил оган на меѓународниот аеродром Форт Лаудердејл во Флорида и уби пет личности, пред да биде приведен.

Слично

Поврзани вести