Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ФЕШТА ВО БАКИНГАМСКАТА ПАЛАТА: Се слави 90-ти роденден на Кралицата Елизабета II

(ФОТО) ФЕШТА ВО БАКИНГАМСКАТА ПАЛАТА: Се слави 90-ти роденден на Кралицата Елизабета II
Во Лондон денес со свечена воена парада „Поздрав на знамето“ е одбележана официјалната прослава на 90-тиот роденден на британската кралица Елизабета Втора чија комбинација предизвика големо внимание. Kraljevska-porodica-f4 На парадата во британската престолнина имало повеќе од 1600 војници и 300 коњи , а кралицата им се придружи на останатите членови на семејството на балконот на Бакингамската палата откаде го набљудуваа военото дефиле. kraljica-elizabeta-proslava-rodendan-bakingemska-palata-foto-reuters-1106-1465644117-926601 Меѓутоа, облеката на кралицата и нејзината комбинација на шешир во светла зелена нијанса им падна на многумина за око. 1200601124575c2794b44cb608197243_v4_big АП пренесува дека некои луѓе на Твитер ја споредиле бојата на кралскиот комплет со ликот на жабата Кермит од познатата емисија Мапет шоу. Кралицата обично за јавно појавување носи светли, но загасити бои. 451548103575c278f586fc068836085_v4_big Бакингамската палата соопштила дека нејзиниот „живописен“ зелен капут е дело на дизајнерот Стјуарт Парвин, додека шеширот го креирала Рејчел Трвор, пренесе Би-Би-Си. APTOPIX Britain Royals Честитки за кралицата упати и рускиот претседател Владимир Путин, кој како што објавил Кремљ, констатирал дека е помеѓу две земји богата историја и дека е уверен во понатамошен развој на конструктивна соработка.  
Слично

Поврзани вести