(ФОТО) Еве што направи Ирма со морските животни
Ураганот Ирма предизвика големо невреме на Флорида, а не беа поштедени ниту морските животни.
На фотографии кои беа објавени на социјалните мрежи, се гледа дека ураганот го „исцицал“ океанот, а морските животни останале на суво.
Ова не е прв ваков случај ураган да го „исцица“ океанот. На Твитер се појавија фотографии на кои се гледаше дека места каде имало вода, сега се суви.
Посебно внимание предизвика малиот брод кој беше заглавен во песок.
Американскиот претседател, Доналд Трамп прогласи природна катастрофа на Флорида и наложи да се подели помош.
Ќе има евакуација и сместување на луѓето, но и отстранување на опасните урнатини.


Слично
