Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Еве како изгледаат нафтените погони каде имаше напади

(ФОТО) Еве како изгледаат нафтените погони каде имаше напади

Објавени се првите фотографии од нафтените погони во Саудиска Арабија каде беа извршени напади. 

Новинарите присуствувале во Букајк каде се наоѓаат погоните за преработка на нафта Абкаик.

Саудиска Арабија тврди дека Иран го има спонзорирано нападот.

Иран негира дека на било кој начин е вмешан во нападот за кој одговорност преземаа Хутите во Јемен.

Аналитичарите тврдат дека употребените ракети не би имале доволен домет доколку доаѓаат од Јемен.

Ријад почна со одмазда кон Хутите во Јемен.

Меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија почна воена операција против бунтовниците Хути во близина на јеменскиот град Ходеида. 

Подигнато e нивото на безбедност на нафтените и комерцијалните пристаништа во Кувајт.

Нивото на тревога е подигнато во услови на ескалација меѓу соседна Саудиска Арабија и Иран, по нападот врз две постројки на „Арамко“ во Абакик и Кураис.


Слично

Поврзани вести