(ФОТО) Еве како изгледа новата воена база на Путин
Руското министерство за одбрана објави интерактивна 3D тура за новата воена база наречена „Арктичка детелина“.

Тоа е најсеверната инсталација на руските вооружени сили.
„Со помош на оваа апликација, посетителите на интернет страницата на министерството за одбрана ќе можат интерактивно да го проценат практичниот и ергономскиот распоред во базата, кој на руските војници му овозможува извршување на задачи и во најтешките климатски услови на Арктикот“- информираат од руското Министерство за одбрана.


Овој комплекс е со површина од 14.000 метри квадратни и е обоен во црвена, бела и сина боја - боите на знамето на Русија.

Распоредот им овозможува на војниците движење од една зграда во друга, без да треба да излегуваат на ниските температури кои понекогаш се спуштаат и под -50 степени.
Слично
