Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ЕЛ ЧАПО НА РОБИЈА, НО НАРКО ИМПЕРИЈАТА ЦВЕТА: Вака живеат синовите на мафијашкиот бос

(ФОТО) ЕЛ ЧАПО НА РОБИЈА, НО НАРКО ИМПЕРИЈАТА ЦВЕТА: Вака живеат синовите на мафијашкиот бос

Додека шефот на мексичката нарко-мафија Хаоакин Ел Чапо Гузман во самица го чека судењето, кое почнува оваа недела, неговата империја тешка милијарда долари и понатаму цвета, под управа на неговите двајца омилени синови Иван Арчивалдо Гузман Салазар и Хесус Алфед Гузман Салазар.

-Нема сомнение дека обвинетиот и неговиот картел имаат моќ, ресурси и волја да им наштетат на сведоците кои се подготвени на соработка, дури и ако го променат местото на живеење-предупредиле адвокатите на 28 октомври судијата Брајан Коган, пренесе Њујорк пост.


Се очекува судењето на Гузман, кој се изјасни дека не е виновен по 17 точки од обвинението за тргување со дрога, завера за убиство и перење пари, да трае најмалку 4 месеци, пренесува Њујорк дејли њуз.

Иван Арчивалдо и Хезус Алфредо се подготвувани да го преземат неговиот бизнис, а Ел Чапо ги има нив од првата сопруга Марија Алехандра Саларез Ернандез, со која се оженил во 1977 година. Нивниот трет син Цезар е убиен пред 6 години.


Алфредо минатиот месец е ставен на листата десет најбарани лица на американската Управа за борба против нарко-криминал. Обвинет е во 2009 година за трговија со дрога во Илиниос, а за информациите кои ќе помогнат во неговото апсење е распишана награда од 5 милиони долари.

За разлика од таткото кој се криел, двајцата браќа отворено водат луксузен живот во Мексико и се фалат на социјалните мрежи.

Се верува дека Ел Чапо има најмалку 15 деца, а извор од американската Сојузна полиција верува дека „ги има повеќе“.

На судењето ќе сведочи и Мај Мекгуен, екс агент од ФБИ, кој одел во затвор во Мексико за да се зближи со Ел Чапо, правејќи се шеф на италијанската мафија.

Слично

Поврзани вести