Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Е ОВА Е ЦЕНЗУРА: На владетелите не им се допаднал текстот, па ја избришале насловната страна!

(ФОТО) Е ОВА Е ЦЕНЗУРА: На владетелите не им се допаднал текстот, па ја избришале насловната страна!

Насловната страница на меѓународното издание „New York Times“ во Тајланд се појави денеска со празнина бидејќи локалната издавачка куќа исфрлила текст во кој се пишува за проблемите во таа земја.

Текстот кој го напишал дописникот Томас Фулер, се занимавал со тајландската војна со владата, стагнираната економија и анализа за наследување на внатрешната монархија.

„Веста била остранета од насловната страна од издавачката куќа во Тајланд. „The International New York Times“ и неговото уредништво немале никакви врски со тоа тргање на веста“, се наведува во соопштението објавено на местото на веста на шестата страница каде требало да стои продолжението на текстот од насловната страница.

Забранетиот текст е достапен на интернет. Весниците не излегле во продажба во Тајланд ни на 22 септември поради тоа што содржините на текстовите биле за монархијата, па издавачот оценил дека не е морално да се печатат весниците.

New-York-Times 1

Дали цензурата претставува препрека во напредокот на светот?

Слично

Поврзани вести