Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Двајца мажи и жена бездомник загинаа во снежно невреме во Шпанија

(ФОТО) Двајца мажи и жена бездомник загинаа во снежно невреме во Шпанија

Најмалку тројца загинати има во невремето во Шпанија. 

Се работи за двајца мажи, еден во областа Астурија, а друг во областа Кастиња, а во Гандија, Валенсија, загина жена – бездомник.

Земјата ја зафати невреме со силен ветер и снег, објави весникот „Венте минутос”. Во Валенција дувал ветер со брзина од 115 километри на час. 

Шпанската државна метеоролошка служба објави предупредување во 33 провинции. Затворени се пристаништата во Валенсија и Гандија. Во 194 општини во регионот Валенсија часовите во училиштата се откажани.

Аеродромот „Аликанте”, денеска е затворен. 

Утре во Шпанија се очекува слично време.

Бурите Елза и Фабиан однесоа неколку човечки животи лани во декември во Шпанија.

Жртви имаше и во септември 2019 година, кога Шпанија ја зафатија поплави какви немало еден век. 


Слично

Поврзани вести