Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Два авиона на „Рајанер“ се судрија на аеродром во Лондон

(ФОТО) Два авиона на „Рајанер“ се судрија на аеродром во Лондон
Сите патници беа евакуирани кога два авиона на авиокомпанијата „Рајанер“ се судрија на аеродромот Стенстед во Лондон. Судирот настанал во зоната за паркирање помеѓу авионот што требало да полета за Варшава и оној што пристигнал од Франкфурт, при што се судриле опашката на едниот авион и крилото на другиот. Во инцидентот нема повредени патници, но е причинета материјална штета, со оглед на тоа што едниот авион со врвот на опашката го „однел“ крилото на другиот авион. Веднаш бил направен и алко-тест на двајцата пилоти, кој покажал дека ниту еден не бил под дејство на алкохол. Двата авиони биле од моделот Боинг 737-800, кои можат да пренесуваат по 189 патници. „Ужасен звук на судар и сосема го осетив ударот затоа што седев на задните седишта. Фала му на Бога што го удри само крилото, бидејќи ако го закачеше трупот на авионот, ќе беше апокалипса. Крилото на другиот авион е однесено до половина. Нема струја во авионот, нема тоалети, нема вентилација“, откри на Твитер еден од патниците кои требало да патуваат за Варшава. Од авиокомпанијата најавија дека нивните служби ја испитуваат несреќата и ги поправаат двата авиона за да ги вратат во сообраќај.  
Слично

Поврзани вести