(ФОТО) Драматична состојба во Германија поради снегот
Западна Германија од попладнево е зафатена од обилни снежни врнежи, кои предизвикаа проблеми во сообраќајот.

Поради снегот времено е запрен целиот сообраќај на аеродромот во Дизелдорф.
На франкфуртскиот аеродром функционира само една писта, поради што се откажани голем број летови или се изведуваат со задоцнување.
Откажани се повеќе летови и од аеродромот Келн-Бон, но тој засега не е затворен за сообраќај и кон него се пренасочуваат авионите што требаше да слетаат во Дизелдорф.
Снегот во делови на Германија почна да паѓа во петокот попладне, но денеска во попладневните часови снежните врнежи се интензивираа.
Во сообраќајни несреќи кои настанаа како последица од снегот се повредени повеќе лица.Слична е состојбата и во Велика Британија каде има обилни врнежи од снег.
Слично
