Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ДРАМА ВО АВИОН: Турски авион морал принудно да слета

(ФОТО) ДРАМА ВО АВИОН: Турски авион морал принудно да слета

Авион на Туркиш ерлајнс со 121 патник и шест членови на екипажот, денес принудно слетал во Кенија откако во еден од моторите влетала птица.

Летот ТЈ 637 полетал од крајбрежниот кениски град Момбас кон Истанбул кога птица влетала во моторот на авионот.

Како што пренесе Ројтерс, авионот кружел еден час над Момбас како би ги испразнил резервоарите на гориво пред слетување.

Немало повредени, а механичарите го прегледале авионот пред повторно да полета, наведуваат агенциите.


Слично

Поврзани вести