(ФОТО) Џиновска лавина затрупа куќи во Норвешка, има исчезнати лица!
Шест лица се повредени, а неколку се исчезнати, откако лавина затрупа куќи на арктичкиот архипелаг Свалбард во Северна Норвешка, соопшти телевизијата Еј Би Си. Целосно уништени се 10 од домовите.
Тоне Херцберг, портпарол на Градското собрание на Свалбард коментира дека е "нешто сосема логично" да се верува дека појавата на лавината е поврзана со ѕверската бура од претходниот ден која погоди доста делови од архипелагот. Според локалниот весник "Свалбардпостен" предметната бура била со брзина на ветрот од 95 километри на час и била најголем кошмар во регионот за последните 30 години.
"Не сме направиле точна премсетка на сите штети од лавината, работиме на случајот", рече уште Херцберг.
Во моментов доброволци и пожарникарни екипи ги расчистуваат остатоците на куќите.Централната болница на архипелагот - во градот Лонгиебурен, побарала помош со лекари и потрошен материјал од најблиската голема таква во градот Тромсое.
Луѓето велат дека по невремето покривот на урбаната школа бил однесе и е закотвен дури на фудбалското игрище- на 10 километри разлика. Затворено е и аеродромот во Лонгиебурен.


