Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Џихадистите го срушија најстарото христијанско место: Уништен Манастирот Свети Илија!

(ФОТО) Џихадистите го срушија најстарото христијанско место: Уништен Манастирот Свети Илија!

Најстариот христијански манастир-Манастирот Свети Илија во Ирак е претворен во урантини, со што стана уште една жртва на припадниците на екстремистичката организација Исламска држава кои уништуваат светско културно наследство.

Irak-manastir-12

Речиси 1400 години Манастирот Свети Илија, кој е подигнат во 6 век и се наоѓа недалеку од Мосул, им се спротивставуваше на природните непогоди и претставуваше свето место во кое монасите и луѓето се молеле со векови, пренесе АП.

Irak-manastir-15

На влезот во манастирот се наоѓаат врежани грчки букви хи и ро (X i P), кои ги претставуваат првите две букви од Христовото име.

Irak-manastir-17

Пред да биде урнат, манастирот се простирал на 27.000 квадратни метри и иако му недостасувал кров во голема мерка, имал 26 простории, вклучувајќи и светилиште и капела.

Irak-manastir-18

Врз основа на фотографиите кои ги направила сателитската компанија Дигитал Глоб, аналитичар на снимката Стивен Вуд од Олсорс Анализа ЦЕО рекол дека камените ѕидови сега се „буквално во прав“ и дека смета дека до уништување дошло помеѓу август и септември 2014 г.

Слично

Поврзани вести