Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Џихадистите бегаат во Турција, преоблечени како жени

(ФОТО) Џихадистите бегаат во Турција, преоблечени како жени

Боречкиот дух на џихадисти од „Исламската држава“ е сериозно поткопан како резултат на операцијата на руските воздухопловни сили. Исламистите масовно бегаат од Сирија, главно - во Турција, пишува „Утро.ru“.

За да успеат да ја минат границата, џихадистите ги бричат ​​брадите и облекуваат никаб - традиционалната муслиманска женска облека што го покрива лицето целосно и останува само тесен процеп за очите. Терористите не се срамат дури и од фактот дека според муслиманските традиции тоа се смета за голем грев.

брада

Во околината на Алепо и Хама се пронајдени купишта жилети и избричени влакна.

Руските авиони заедно со другите авиони од руските воздухопловните трупи продолжуваат да уништуваат цели на „Исламската држава“. Во изминатото деноноќие авијацијата нанела 49 удари по цели на терористите. Уништени се два командни центри, три складишта за муниција, два подземни бункери, 32 огнени позиции, како и работилница за производство на лансирни летала и реактивни проектили. Ликвидиран е и команден пункт на одредена групата „Джебхат ан Нусра“.

брада 1

Како што изјавуваат од руското министерство за одбрана, џихадистите доживуваат акутен недостаток на муниција и масовно ги напуштаат своите позиции. Од своја страна сириската армија продолжува да ослободува населени места. Офанзивата се води практично во сите насоки, пишува руското издание.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/SI4ugAch8NY[/embed]
Слично

Поврзани вести