(ФОТО) Девојче мигрант со цвеќе во рака моли полицаец да ја отвори границата
Над илјада бегалци кои пробаа да минат низ Турција се разочараа кога наидоа на полицискиот кордон кој го блокира граничниот премин на државата.
Полицијата ги спречи бегалците преку Турција да одат во Грција, па во еден моменет едно мало девојче решило со убав гест да ги замоли да им ја отворат границата. Девојчето зеде во раката цвеќе и му го подари на еден од турските полицајци.
Фотографијата од малото девојче многу брзо го обиколи светот и е една од најсподелуваните фотографии на Твитер.
После неа истото го направи и едно момче, а на фотографијата е фатена и насмевката на полицаецот, која не успеал да ја сокрие.
Слично

